Баерн Минхен е сѐ поблизу до освојување на титулата во Бундеслигата. Може да слават уште во следното против Менхенгладбах на свој терен.
Една од најважните победи на Баерн сезонава беше вечерва на Олимпискиот стадион во Берлин, каде ја совладаа одличната Херта со 0-2.
Екипата на Пеп Гвардиола го имаше поседот на топката поголем дел од натпреварот.
Првиот гол го постигна Артуро Видал на почетокот од второто полувреме. Тој го искористи додавањето од Геце и од дваесетина метри беше прецизен за водство од 0-1.
Вториот гол беше дело на Даглас Кошта. Во 80. минута со феноменален шут зголемува на 0-2 и го поставува конечниот резултат.
Со оваа победа Баерн е многу близу до титулата, потребни му се уште два бода во последните три кола за повторно да биде шампион на Германија. Првата меч-топка ја има следната сабота на „Алијанц арена“ против Менхенгладбах.
Резултати:
Волфсбург – Аугсбург 0-2
Штутгарт – Дортмунд 0-3
Инголштад – Хановер 2-2
Херта – Баерн 0-2
Келн – Дармштад 4-1
Шалке – Леверкузен 2-3
Табела:
1. Баерн 81
2. Дортмунд 74
3. Лаверкузен 54
4. Херта 49
5. Менхенгладбах 45
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)