Манчестер Јунајтед се пласираше во финалето на ФА купот, откако денес го совлада Евертон со 2-1.
Херој на „црвените ѓаволи“ беше Ентони Марсијал, кој асистираше за првиот гол до Фелаини, а потоа во дополнителниот период на крај од натпреварот беше прецизен за конечни 2-1.
Евертон прв имаше голема шанса за гол, по неполни пет минути игра Лукаку во една контра го помина Де Геа, но топката од самата гол линија ја исфрли Вејн Руни.
Следеа по неколку шанси на двете страни, но Јунајтед дојде во водство во 34. минута. Марсијал одлично помина по левата страна и додаде до Фелаини кој од пет метри од голот беше прецизен за водство на полувреме од 1-0.
Евертон стигнаа до најголемата шанса во 57. минута, кога судијата досуди пенал. Лукаку го изведе ударот, но одличниот Де Геа ја прочита неговата намера и одбрани.
Во 75. минута нововлезениот Џерар Делофеу упати остар центаршут во средината на петерецот, а дефанзивецот на Јунајтед, Крис Смолинг имаше една неумешна интервенција и си постигна автогол.
Кога изгледаше дека натпреварот ќе оди во продолженија, на сцена стапи извонредниот Марсијал, кој после двојното додавање со Херера, од десетина метри го погоди подалечниот агол од голот за конечни 2-1 и пласман на Манчестер Јунајтед во финалето на ФА купот.
Јунајтед во финалето го чекаат победникот од дуелот меѓу Кристал Палас и Вотфорд, кој се игра утре во 17:00 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)