Случаите поврзани со перењето пари во Германија се многу пораширени отколку тоа што се очекуваше. Според извештајот на германското Министерство за финансии тие на годишно ниво се движат околу 100 милијарди евра.
„Целокупниот волумен на перење пари во финансискиот сектор и надвор од него годишно се движи околу 100 милијарди евра, што е двојно повеќе од сумата од која досега се тргнуваше”, произлегува од студијата на универзитетот во Хале „Витенберг“, направена врз налог на германското Министерство за финансии.
Само на подрачјето на тргување со недвижнини и уметнички дела годишниот број на деликти се проценува на 15 до 28 илјади случаи. Особено се чувствителни областите каде се врти многу готовина, се вели во студијата, која воедно покажала дека Германија, како атрактивен инвестициски пазар, посебно е примамлива за операциите со перење пари.
Голем дел од испраните пари се со потекло од странство. Студијата предлага подобра координација на контролата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уапсени седум мигранти за силување на тинејџерка во Германија
-
Ова е Македонката која била „шефица“ за перење пари: Се фалела со луксуз, уживала на јахти додека правела големи скандали (галерија)
-
Три лица се повредени во напад со нож во Германија
-
Меркел бара оставка од првиот разузнавач во Германија?