Екипата на Вардар доживеа пораз во најнезгоден момент во Лигата на шампионите на домашен терен во четврфиналето против Веспрем од 26-29.
Според играта на „црвено-црниот“ состав овој пораз е најреален резултат бидејќи според тоа што го покажа унгарскиот состав може слободно да се каже дека беа подобар противник по првите 60 минути од овој двомеч.
Последниот натпревар на домашен терен од Лигата на шампионите оваа сезона Вардар не го искористи со победа да се раздели од домашната публика која безрезервно го бодреше во текот на целата сезона.
Натпреварот започна со цврста одбрана на двете страни и со неколку одбрани на голманите се до 18 минута кога Вардар го имаше последното водство на мечот од 7-6. Од тогаш па се до полувремето Веспрем на чело со денеска феноменалниот голман Мирко Алиловиќ успеа да ја преземе играта во свои раце и да стигне до пресврт па и да има пет голови предност пред самиот финиш од првото полувреме во 27.минута (7-12).
До крајот на првите 30 минути вардарци дадоа два гола и го намалија резултатот на 9-12, што влеваше надеж за пресврт во второто полувреме.
По паузата меѓу полувремињата очигледно тренерот на Вардар, Раул Гонзалес побара од своите избраници да ја забрзаат играта и да се обидат да дојдат до пресврт.
Веспрем љубоморно ја чуваше предност се до 38.минута кога Вардар најпрвин преку Дибиров, а потоа и преку Карачиќ дојде до израмнување (16-16). Тренерот на Веспрем Хавиер Сабате беше приморан да побара тајм-аут и да ги консолидира редовите.
Во продолжението од мечот шутерски расположените играчи на Веспрем лесно го пронаоѓаа патот до голот на денеска индиспонираните Штербик и Милиќ и повторно го одведоа својот тим до висока предност која Вардар неможеше да ја стигне до крајот.
Најефикасни во сотавот на Веспрем беа Момир Илиќ со девет гола, Палмарсокн со седум, а Мирко Алиловиќ имаше 15 одбрани од кои дури 10 во првото полувреме.
Листата на стрелци кај Вардар ја предводеа Игор Карачиќ и Тимур Дибиров со по шест гола.
Реваншот следува за седум дена на теренот на противникот, а Вардар ќе има супертешка задача да стигне до победа од четири гола и со тоа елиминира минатогодишниот финалист до ЛШ и се пласира меѓу четирите најдобри екипи во Европа, на завршниот турнир во Келн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.