Возачот на Формула 1, се чини дека после долгата љубовна врска со пејачката Никол Шерзингер, својата среќа ја пронашол со ангелот на Викторијас Сикрет – чешката манекенка Петра Немцова, со која ја поминал ноќта во хотел после доделувањето на спортските награди.
Откако седеле еден покрај друг на доделувањето на спортските награди во Берлин, новата двојка била снимена заедно и во хотел. Следното утро, двојката се прошетала во Берлин, а извори блиски до Луис Хамилтон (31) тврдат дека тие уживале во целосниот состанок.
Чешкиот ангел на Викторијас Сикрет, 36 – годишната Петра Немцова пред возачот на Формула 1 беше во врска со премиерот на Хаити, а спортистот раскинуваше и се смируваше со пејачката Никол Шерзингер (37).
Луис го поврзуваа и со Ријана, со која се забавувал на нејзиниот роден Барбадос, но и со младата манекенка Кендал Џенер.
Свршеникот на Петра Немцова, Симон Атле загина во 2004 година во судир од кој манекенката едвај преживеа.
После неуспешните љубовни животи, можеби Луис и Петра конечно ќе ја пронајдат среќата во заеднички прегратки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.