| четврток, 6 декември 2018 |

Убиено седумчлено семејство, убиецот во бегство

Во куќа во Синсинати, во американската држава Охајо, е убиено седумчлено семејство.
Полицијата соопшти дека пукањето се случило во источниот дел на Синсинати, при што биле убиени најмалку седум лица.
Повеќекратното убиство го потврдил и шерифот. Не се познати мотивите за убиството, а полицијата го испитува случајот.
Уште не се знае точниот број на жртви или начинот на кој се убиени.
Убиецот на седумте членови на семејството меѓу кои има и деца, се наоѓа во бегство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top