| четврток, 6 декември 2018 |

Аутопсијата ќе покаже што го „уби“ Принс

Аутопсијата на телото на починатата музичка ѕвезда Принс ќе покаже што го „убило“. Добитникот на музичката награда Греми синоќа беше пронајден мртов на својот имот.
Медицински лица го пронашле 57-годишниот Принс, се обиделе да го реанимираат, но безуспешно. Принс бил прогласен за мртов во 10.07 по локално време.
Претхоно беше соопштено дека Принс се предозирал. Одредени медиуми известија дека Принс бил забележан во аптека во близина на неговата куќа во среда вечерта.
Во саботата, на 16 април Принс организррал забава и пријателите велат дека тоа го сторил со цел да им покаже на сите дека се е во ред со него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top