| четврток, 6 декември 2018 |

Човекот со стап кој го сруши алибито на Зоран: Не го видов сопругот на Јелена на насипот (фото)

Канис Веселиновиќ (64), „човекот со стап“ го сруши алибито на Зоран Марјановиќ, вдовецот на убиената пејачка Јелена Крсмановиќ (33), кој во полицијата  тврдел дека Канис го видел на насипот, додека неговата сопруга трчала.

zoran-marjanovic-jelena-krsmanovic-marjanovic-pevacica-ubijena-ubistvo-zvez-1459981725-881215

-Таа сабота бев во Борча во продавница. Се вратив со автобус на линија 104 и излегов на последната станица, кај стадионот во Црвенка – вели Канис Веселиновиќ (64), викан Буцо.

– Од станицата се упатив дома. Одев по вообичаена рута, покрај насипот преку малиот мост. Се движам бавно со помош на стап поради тоа што имав прелом  на левата нога, а коската не ми е добро зарасната, поради што нозете ми се уморуваат и дујат. Гледав во земјата и никого не видов – тврди Канис.

64f780c146b6f39ceb47fb58d5e47515

Тој, меѓутоа не може да прецизира во кое време поминувал покрај насипот, освен дека била квечерина.

-Не знам колку било часот. Часовник како што гледате не носам, а не носам ниту мобилен телефон поради тоа што неколку пати ми има паднато во водата. А немам  причина ниту да знам колку е часот бидејќи никаде не се брзам – појаснил Буцо, кој веста за убиството на пејачката ја слушнал по неколку дена и тоа на телевизија.

994492a8f5f68aaea3019a063bca6f75

Канис бил испрашан од полицијата, а бил  и на полиграфско испрашување.

-На инспекторите им кажав се што знам, а тоа дека таа сабота не видов никој. Ми беше непријатно на полиграфот. Сешто ви поминува низ глава кога ќе седнете на тоа столче – појаснил Канис за медиумите.

За него и полиграфот  потврдил дека ја зборува вистината.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top