| четврток, 6 декември 2018 |

Занаетчија без алиби: наскоро апсење на убиецот, овој човек е осомничениот

Тој нема алиби и не може да докаже каде бил на 2 април во време кога е извршено бруталното убиство.

Policija-Jelena-Marjanovic-

Апсењето на убиецот на Јелена Марјановиќ е само прашање на денот поради тоа што постојат нови цврсти докази во овој случај.

Под сомнеж е и комплетното семејство Марјановиќ, кои ќе бидат повикани на уште едно сослушување, а полицијата се сомнева и на еден  нивен сосед, занаетчија од Борча, кој паднал на полиграф и нема алиби каде бил во времето кога била извршено убиството.

de29c865a5af8b7f14005fa1ad57a13a

-Снимките на безбедносните камери, кои детално  ги порегледавме, ни дадоа можеби и клучни податоци за ова злосторство. Тоа што се гледа на нив не се совпаѓа со тоа што го кажаа членовите на семејството Марјановиќ на сослушувањето – кажал изовр на истрагата.

jelena-krsmanovic-marjanovic-zoran-marjanovic-foto-dragana-udovicic-ubistvo-1460228895-883001

Меѓутоа кругот на лицата што инспекторите ги држат на око не се затвора само на членовите на семејството Марјановиќ.

-Полицијата се сомнева и во еден занаетчија, чијашто куќа се наоѓа во близина на насипот каде што бил аубиена Јелена. Тој човек бил  приведен на сослушување и паднал на полиграфот. Освен тоа, тој нема алби, не може да докаже каде бил на 2 април во време кога е извршено убиството. Тврди дека тогаш бил на Ада Циганлија, но нема со што да го докаже тоа, ниту, пак, може да пронајде некој кој би посведочил дека го видел таму – открил извор на истрагата.

jelena_marjanovic

Како што пренесуваат медиумите, инспекторите се сомневаат дека најмалку еден член од семејството знае кој ја убил пејачката додека трчала на насипот во Борча, но засега не го вперуваат прстот ниту во сопругот Зоран, ниту во свекорот Владимир, ниту во свекрвата ниту во деверот, братот на Зоран.

jelena-krsmanovic-marjanovic-ubijena-kuca-pevacica-1460659882-886615

Сите тие веќе биле на испрашување в полицијата. Според зборовите на соговорникот од полицијата практично целата населба е под постојан надзор. Полицијата во цивил во неозначени автомобили е на секој чекор во Борча.

zorica-marjanovic-jelena-marjanovic-1460740548-887251

jelena-krsmanovic-marjanovic-zoran-marjanovic-ubistvo-crvenka-borca-nasip-zoranov-otac-foto-Andrej-Nihil-8jelena-krsmanovic-marjanovic-zoran-marjanovic-ubistvo-crvenka-borca-nasip-zoranov-otac-foto-Andrej-Nihil-8

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top