Имате ли проблем со прекумерна тежина? Во која група спаѓате ако имате?
- Млади мажи што многу пијат
И покрај претераната консумација на алкохол, тие, сепак, се над просечното ниво според физичките активности, како и според нивната здравствена состојба и општата среќа.
- Средовечни луѓе што се несреќни или анксиозни
Во оваа група спаѓаат повеќе жени одошто мажи. Често страдаат од несоница, анксиозност и депресија. Покрај тоа што оваа група најмалку конзумира алкохол, тие истовремено имаат и лошо развиена одговорност за негување на својот физички изглед и менталното здравје.
- Постари луѓе што се среќни, но живеат со некој здравствен проблем
Тие почесто заболуваат од хронични болести (дијабетес, висок крвен притисок, артритис), но не патат од депресија и анксиозни состојби. Тие се сепак среќни и задоволни од животот.
- Млади здрави жени
Тие немаат здравствени проблеми кои се поврзани со нивната дебелина. Тие се меѓу најсреќните и релативно здрави. Ретко имаат несоница, анксиозност или депресија и имаат прилично добар квалитет на животот. Често се вклучуваат во физички активности со цел да ја контролираат тежината.
- Постари, но здрави луѓе
Речиси сите во оваа група имаат висок крвен притисок, но многу малку други проблеми поврзани со здравјето. Нивното ментално здравје е исто така добро и тие имаат високо задоволство од животот. И тие пијат, но не колку младите момци.
- Луѓе со многу лошо здравје
Во оваа група спаѓаат луѓето со најмногу здравствени и ментални проблеми. Тие може да патат од дијабетес, висок крвен притисок, проблеми со дишењето и артритис. Тие исто така најмногу патат од болка, умор, анксиозност, депресија и инсомнија. Нивниот квалитет на животот и задоволството од него се многу ниски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.