| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од една четвртина од Македонците се дебели

Само два проценти од Македонците здраво се хранат, а речиси 50 проценти пијат алкохол и 35 отсто пушат. Загрижува што само 14 проценти од населението редовно иде на матичен лекар.

Македонците се дебели луѓе. Една четртина од наслението е дебело, додека 65 проценти имаат зголемена телесна тежина. Дури 30 отсто мака мачат со големи стомаци.

Ваквите бројки, се повеќе од алармантни од причина што во изминативе години тој процент бил речиси незабележителен. Овие податоци, објаснуваат стручњаците дава за право да се рече дека македонија е земја на дебели луѓе.

Во околните земји, процентот на дебели луѓе е многу помал. Така, во Хрватска, Србија, Бугарија процентот не надминува повеќе од 10.

Дебелината е главен причинител за појава на срцеви заболувања од кои годишно умираат над 10.000 лица во земјава.

Истражувањето кај 4.000 испитаници од цела земја покажа дека 18 проценти има најмалку еден ризик фактор за настанување на болест на срцето, а околу пет отсто имаат по два или повеќе ризик фактори.

Истражувањето покажало дека 16 отсто од населението во земјава има висок крвен притисок, осум отсто имаат многу висок притисок, а 41 отсто од нив воопшто немаат физичка активност.

Само два проценти од Македонците здраво се хранат, а речиси 50 проценти пијат алкохол и 35 отсто пушат. Загрижува што само 14 проценти од населението редовно иде на матичен лекар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top