| четврток, 6 декември 2018 |

Шест типови дебели луѓе. Во која група спаѓате?

debeli zeni

Имате ли проблем со прекумерна тежина? Во која група спаѓате ако имате?

  1. Млади мажи што многу пијат

И покрај претераната консумација на алкохол, тие, сепак, се над просечното ниво според физичките активности, како и според нивната здравствена состојба и општата среќа.

  1. Средовечни луѓе што се несреќни или анксиозни

Во оваа група спаѓаат повеќе жени одошто мажи. Често страдаат од несоница, анксиозност и депресија. Покрај тоа што оваа група најмалку конзумира алкохол, тие истовремено имаат и лошо развиена одговорност за негување на својот физички изглед и менталното здравје.

  1. Постари луѓе што се среќни, но живеат со некој здравствен проблем

Тие почесто заболуваат од хронични болести (дијабетес, висок крвен притисок, артритис), но не патат од депресија и анксиозни состојби. Тие се сепак среќни и задоволни од животот.

  1. Млади здрави жени

Тие немаат здравствени проблеми кои се поврзани со нивната дебелина. Тие се меѓу најсреќните и релативно здрави. Ретко имаат несоница, анксиозност или депресија и имаат прилично добар квалитет на животот. Често се вклучуваат во физички активности со цел да ја контролираат тежината.

  1. Постари, но здрави луѓе

Речиси сите во оваа група имаат висок крвен притисок, но многу малку други проблеми поврзани со здравјето. Нивното ментално здравје е исто така добро и тие имаат високо задоволство од животот. И тие пијат, но не колку младите момци.

  1. Луѓе со многу лошо здравје

Во оваа група спаѓаат луѓето со најмногу здравствени и ментални проблеми. Тие може да патат од дијабетес, висок крвен притисок, проблеми со дишењето и артритис. Тие исто така најмногу патат од болка, умор, анксиозност, депресија и инсомнија. Нивниот квалитет на животот и задоволството од него се многу ниски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top