Денеска, на повик на ГДОМ се подигна народот на Македонија, се подигнаа граѓаните на Македонија, да го кажат својот глас против узурпирањето на правото да се оди на избори, рече Оливер Андонов во разговор за ТВ Нова.
Избори на 5 јуни се решение за престанок на кризата, на агонијата во која се наоѓа Македонија и да тргнеме во еден нормален процес на развој на Македонија, на нормално живеење на сите нејзини граѓани. Ние сме мирољубиви, сакаме да бидеме дел од Европската унија и големото семејство на европските народи, но сакаме и да бидеме дел од тоа достоинствено, рече Андонов.
Тие кои работат против Македонија и против интересите на македонскиот народ и сите граѓани во Македонија, денеска можат да видат како граѓаните мирно ги изразуваат своите ставови и цели, а тоа е одење на избори на 5 јуни, па нека победи подобриот, додаде Андонов.
Како ги коментирате насилните протести што веќе осми ден го узурпираат главниот град?
„Веќе не заслужуваат никакви протести кога можеа да дојдат во олкав број граѓани на Македонија на еден митинг организиран од ГДОМ, не знам какво е тоа така наречено здружение „Протестирам“ кое се занимава со насилство. Вандализам не ѝ треба на Македонија. Македонија е мирољубива, Македонија сака на мирен начин да ги изрази своите ставови исто како што на мирен начин треба да ги спроведеме изборите на 5-ти јуни од кои нема начин да се побегне. Господинот Заев бараше избори, еве го гласот на народот – избори на 5-ти јуни“, вели Андонов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)