Блиска сосетка и семејна пријателка на Марјановиќ изјавила за медиумите дека нетрпеливоста на свекрвата на Јелена бил и тоа како видлива.
Откако Јелена и Зоран се венчале мајката на Зоран од ден на ден покажувала се поголема и поголема нетрпеливост кон снаата, а како поминувале годините таа нетрпеливост само добивала на интензитет.
-Свекрвата на Јелена никогаш не можеше да се помири со тоа дека Зоран се развел од првата сопруга поради Јелена, тоа едноставно не можеше да го преболи. Инаку, сите знаеме дека Јелена и Зоран се запознаа додека тој се уште беше во првиот брак и дека неговата прва сопруга и Јелена дури беа и пријателки. Меѓутоа, по свадбата на Јелена и Зоран нетрпеливоста помеѓу свекрвата и снаата од ден на ден и со годините стануваше се поголема. Мајка му Зоран често пред сите нас знаеше да му кажува дека Јелена манипулира со него и дека не ја сака во нивната куќа, како и дека и пречи што толку и е посветен и што целото време го поминува со неа. На сите можни начини, за некои не би сакал ниту да зборувам, таа се обидуваше да ги раздели, а нас како блиски пријателки ни се правдаше дека се што прави е да го спаси и раздели од Јелена и дека мисли само за негово добро. Буквално ја мразеше од дното на душата – изјавила сосетката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.