Преживејаа заробеништво во логорот на исламистите и имаа среќа повторно да ја почувствуваат слободата, четворицата мажи своето искуство го раскажаа за БИ-БИ-СИ.
Тие овој месец повторно се сретнале, прв пат откако биле спасени од канџите на ИСИС која ги држела како заложници во Сирија.
Федерико Мотка – италијански хуманитарен работник, Дидие Франсоа – новинар воен известувач, данскиот фотограф и гимнастичар Даниел Рај Отосен, и францускиот фотограф и блогер Пјер Торе, минале еден месец без сончева светлина, со седмици биле врзани со ланци и константно претепувани.
Меѓутоа, тие сепак победиле во “играта на преживување”, која траела околу една година.
На различни начини се бореле да го издржат сето тоа и да останат достоинствени: Мотка би го спуштил погледот, но би го кренал гардот за да избегне мачителите да го понижуваат. Франсоа ги гледал директно во очи, Отосен морал да прави гимнастичарски вежби за да ги убеди дека е гимнастичар, а не шпион или војник, додека Торе ги игнорирал наредбите, трпел тепање, но и задоволство поради спротивставувањето.
Отосен, кој се обидел да се обеси, решил да ја прифати својата ситуација и да се адаптира. Си зборувал сам на себе, смислувал разни планови.
Мотка рекол дека му било многу полесно кога бил со останатите затвореници. Пред тоа со денови бил сам со непријателите.
Тој верувал дека истовремено ќе се ослободат и од Хејнс и од него, но кога сфатиле дека него ќе го ослободат, а Хејнс не, Мотка бил многу потресен.
-Дејв седеше покрај мене и ме прегрна. Сите беа добри кон мене. Рекоа: „Искористи ја својата шанса“.
Заложниците со текот на времето се приближиле и се надевале дека заедно ќе бидат спасени, но за жал не било така. Исламистите погубиле многумина, што преживеаните длабоко ги погодило.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.