| четврток, 6 декември 2018 |

Ливеруп го декласираше Евертон во градското дерби, Јунајтед граби кон место кое води во ЛШ (видео)

Ливерпул, Манчестер јунајтед и Вест Хем остварија сигурни победи во заостанатите натпревари од 27. и 30. коло од Премиер лигата.

„Црвените“ ја добија градската пресметка со Евертон, и тоа на убедлив начин со 4-0, продолжувајќи ја серијата без пораз на 11 натпревари.

Ливерпул дуелот го реши во финишот на првото полувреме. Џејмс Милнер намести два гола во рок од четири минути, а Дивок Ориги и Мамаду Сако ја тресеа мрежата на „карамелите“. Точка на победата ставија Даниел Стариџ и Фелипе Кутињо во последните 30 минути од мечот.

Манчестер јунајтед го надигра Кристал Палас со 2-0 и стигна на два бода од позицијата која води директно во Лигата на шампионите. Но во чекор го следи Вест Хем кој славеше против Ватфорд со 3-1.

За Манчестер јунајтед ова беше четврта победа во последните пет кола, и стигна на два бода од градскиот ривал Сити, а еден од Арсенал со кого во последните четири кола ќе се бори за место во ЛШ.

Херој на „црвените ѓаволи“ е бекот Матео Дармјан кој прво во 4. минута „намести“ автогол на Дилејни, а потоа во 55. минута и самиот го потврди важниот триумф од 2-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top