| четврток, 6 декември 2018 |

Камиловски: СДСМ ќе изгуби драстично лошо на 5 јуни, а потоа ќе се распадне

Граѓанското движење за одбрана на Македонија и денес одржува масовен народен собир на Широк Сокак во Битола.

marjan-tvnova

Граѓаните масовно се собраа да кажат ДА за избори и НЕ за деструкциите на СДСМ и Зоран Заев.

По оној изблик на негативна енергија кој беше пласиран од страна на поддржувачите на поранешната југословенска комунистичка партија таканаречените социјалдемократи, мене ми е особено драго што вчера видов во Прилеп, а денес во Битола  дека Македонците сами створија една стратегија на одбрана, а тоа е позитивна енергија. Овде има едно многу добро расположение. Нивната глупост, нивната деструктивност, Македонците почнуваат да ја одбиваат  на тој начин што се забавуваат. Нивната деструктивнопст ја заменуваме со конструктивност, нивната безидејност ја заменуваме со добро расположение и забава, рече тој.

Камиловски потенцира дека сите анкети покажуваат дека СДСМ ќе изгуби на 5 јуни.

Ќе изгубат драстично лошо и драстично многу и најверојатно ќе се распаднат после тоа, рече Камиловски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top