На денешната прес-конференција Заев постави услови за да оди во Виена на средбата закажана од Брисел. Условите што ги постави се претседателот Ѓорге Иванов да ја повлече одлуката за аболиција и Собранието да се состане за да ја повлече одлуката за избори на 5 јуни.
Доколку овие услови не се исполнат, лидерот на опозицијата изјави дека нема да оди на преговрите што ги закажаа еврокомесарот Јоханес Хан и тројцата европратеници за излез од политичката криза и спроведување на Договорот од Пржино.
По оваа прес-конференција на Заев сосема е јасно дека тој и СДСМ бегаат од разговори во Виена и нивната цел не е решавање на кризата туку нејзино продолжување и продлабочување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.