| четврток, 6 декември 2018 |

Шефот на Ф1: Да се ослободиме од Брисел и Путин да раководи во Европа

9ba65cce-0e99-11e4-_736284b

Берни Еклстоун, еден од најбогатите мажи во Велика Британија и извршен директор на Формула 1, навистина не е обожавател на Европа.

Еклстоун, чие богатство се проценува на 3,2 милијарди долари, за време на разговорот со главниот извршен директор на рекламната компанија WPP CEO Мартин Сорен, вели дека “треба да се ослободиме од Брисел” и да му дозволиме на Владимир Путин да „управува со Европа“.

Тој исто така додава дека целосно го поддржува излегувањето на Велика Британија од ЕУ, но признава дека најверојатно нема да гласа на референдумот на 23 јуни за членството на земјата во ЕУ, информира Business Insider.

Еве како се развил разговорот меѓу Сорен и Еклстоун:

Мартин Сорен: Западна Европа, Источна Европа или и двете, бидејќи си голем обожавател на Владимир Путин и она што го прави во Русија?

Биерн Еклстоун: Тој би требало да раководи со Европа.

Мартин Сорен: Тој треба да е во Брисел и да раководи со Европа?

Берни Еклстоун: Не, треба да се ослободиме од Брисел и тој сам треба да е на чело на Европа.

Мартин Сорен: Зошто му се восхитуваш толку многу?

Берни Еклстоун: Тој го прави она што вели дека ќе направи. Луѓето не разбираат што точно сака да направи тој.

Мартин Сорен: Што сака да направи?

Берни Еклстоун: Прво сака да се врати Русија таму каде што беше, тоа е најважното нешто за него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top