Полиграфското испрашување покажа дека свекорот на брутално убиената пејачка Јелена Марјановиќ не е убиецот, но дека во времето на убиството бил на насипот.
Како што пренесуваат медиумите, на Владимир на полиграф му биле поставени само овие две прашања – прво дали ја убил Јелена, на што одговорил дека не ја убил и по што било утврдено дека ја зборува вистината. Паднал на второто прашање, дали бил на насипот во време на убиството.
Според пишувањата на медиумите, целото семејство било ангажирано за четири часа да ги отстрани доказите по што пријавиле во полицијата дека пејачката исчезнала.
-Од моментот кога Јелена е видена последен пат, до моментот кога нејзиното исчезнување било пријавено во полицијата, според доказите што ги собравме претходните денови, семејството Марјановиќ ги отстранувале трагите. Направена е целокупната реконструкција на злосторот, утврдена е улогата на убиецот и на останатите соучесници и секој момент можат да бидат уапсени – навел извор близок до истрагата.
Според неговите зборови, наспроти темелното отстранување на трагите, семејството, сепак, не успеало да ги скрие сите докази.
Тој појаснува дека куќата не била веднаш претресена затоа што била полна со луѓе што дошле да му изразат сочувство на семејството и додава дека форензичката анализа открила траги од силни хемиски средства со кои најверојатно се бришани трагите.
На килимот, кој пред неколку дена бил изнесен од семејната куќа на Марјановиќ, забележано е и присуство на биолошки траги.
Соседот на семејството Марјановиќ посведочил дека ноќта кога пејачката исчезнала, Зоран исфрлил од семејната куќа неколку големи црни кеси за ѓубре, полни со облека. Интересно е дека кесите не ги фрлил во блискиот контејнер, туку ги однел на депонија. Се поставува прашањето зошто некој во ноќта на исчезнувањето на саканата жена би исфрлал работи од куќата навел извор од истрагата.
Јелена исчезна на 2 април, а нејзиното тело е пронајдено ден подоцна на насип во населба Црвенка во Борча.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.