Македонците од Австралија собрани од сите генерации одржаа семакедонски собир од каде испратија пораки на осуда на случувања во Македонија изминативе денови. На собирот под мотото „Народот се буди за одбрана на Македонија“ поддршка даде и пратеникот Васко Наумовски.
Македонците во Австралија порачаа дека кризата во Македонија треба да се реши на избори кои ќе се одржат на петти јуни, се со цел да сопре дивеењето и деструкцијата. За нив е резбирлив вандализмот и дивеењето на СДСМ и невладините организации на Сорос кои палеа и демолираа културно историски обележја и институции.
Со таквото однесување, смета македонската дијаспора во Австралија, директно се удира во срцето на Македонија и сето она за кое се бореле претходните генерации додавајќи дека поддршката што хулиганите на СДСМ и Сорос ја имаат од радикалите на БЕСА, српски и грчки активисти,покажува дека се работи за сериозно разнебитување на земјата.
Од Австралија стигна и реакција на Задграничниот Комитет на ВМРО- ДПМНЕ, од каде посочуваат на извесни текстови кои „имаат за цел да ја дезинформираат Македонската јавност“, а во кои се наведува дека „ВМРО-ците му свртеа грб на Груески“. Зад тие пишувања го посочуваат Радио Илинден Мелбурн, за кое велат дека води кампања против ВМРО- ДПМНЕ.
„За волја на вистината ЗК комитети на ВМРО- ДПМНЕ никогаш досега не биле толку сплотени и единствени како денеска, со исклучок на некои одметници и профитери на кој партијата им била единствена цел за збогатување, посебно во овие тешки и мрачни времиња кој се надвиснале како црни облаци над нашата Македонија. ЗК на ВМРО ДПМНЕ од Австралија јавно го осудуваат вандализмот кој го вршат домашните предавници помогнати со оние од надвор и даваат полна и не двосмислена подршка на Владата на Република Македонија да издржи во овие тешки мигови“, се наведува во соопштението од ЗК на ВМРО ДПМНЕ – Австралија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)