| четврток, 6 декември 2018 |

„Сен Амур“ ќе го отвори 19. Скопскиот филмски фестивал

Во „Гала програмата“ е добитникот на Оскар за најдобар филм од неанглиско подрачје, унгарскиот „Синот на Шаул“-моќен дебитантски филм на режисерот Ласло Немеш, „Каде да се окупира следно“, најновиот филм на оскаровецот Мајкл Мур. Меѓу филмовите се и „Мојот крал“, награден на Канскиот филмски фестивал, „Крвта на мојата крв“, новото дело на италијанскиот мајстор Марко Белокио, а во оваа програма е и филмот „Лазар“, најново остварување на македонскиот режисер Светозар Ристовски

Филмот што го отвори последното издание на Берлинскиот филмски фестивал, „Сен Амур“ ќе го отвори и 19. издание на Скопски филмски фестивал кој почнува в петок. Фестивалот ќе биде отворен в петок во киното „Милениум“.

Се работи за најновиот филм на белгиско – францускиот режисерски двоец Беноа Делепин и Густав Керверн. Во овој филм, во главните улоги се Жерар Депардје и Кјара Мастројани, ќерката на легендарниот Марчело Мастројани и Мишел Уелбек, еден од најинтригантните писатели на денешницата.

Вкупно 77 филма, работилници и мастеркласа ќе бидат дел од 19. издание на Скопскиот филмски фестивал.

До 30 април посетителите можат да погледнат повеќе филмови, кои ќе се прикажуваат во кината „Милениум“ и „Фросина“ и во Кинотека. Филмовите се распоредени во девет програми: „Гала“, „Програма на авторски филм“, „Панорама на светски филм“, „Македонска продукција“, во која публиката ќе ги види најновите кратки, анимирани и документарни филмови на млади македонски автори. Скопскиот филмски фестивал за својата публика подготви „Ретроспектива на Педро Алмодовар“, во рамки на која ќе идат прикажани девет негови филмови.

skopski festival1

Годинава, ќе може да се видат и најинтересните француски филмови во програмата „Фокус на францускот филм“, а во соработка со Кинотека на Македонија и „Фокус на тајванскиот филм“. Ќе биде прикажана и „Програмата на кратки филмови“ од најановата светска продукција и посебна „Програма на кратки шпански филмови“.

Во „Гала-програмата“ е добитникот на „Оскар“ за најдобар филм од неанглиско подрачје, унгарскиот „Синот на Шаул“-моќен дебитантски филм на режисерот Ласло Немеш, „Каде да се окупира следно“, најновиот филм на оскаровецот Мајкл Мур. Меѓу филмовите се и „Мојот крал“, награден на Канскиот филмски фестивал, „Крвта на мојата крв“, новото дело на италијанскиот мајстор Марко Белокио, а во оваа програма е и филмот „Лазар“, најново остварување на македонскиот режисер Светозар Ристовски.

Во рамки на програмата „Авторски филм“ ќе бидат прикажани филмовите „Рјузо и седумте следбеници“ на Такеши Китано, „Слободен пад“ од Ѓерѓ Палфи, кој по „Таксидермија“ се враќа со ново остварување. Ќе биде прикажан и „Мажи и кокошки“, на Андерс Томас Јенсен, највпечтливиот филмски талент од Данска, по Ларс фон Трир.

Дел од програмата „Панорама на светскиот филм“ се „Карол“ со маестралната Кејт Бланшет и „Суфражетки“ со извонредна актерска екипа предводена од Мерил Стрип, францускиот „Мојот крал“ со Винсент Касел и Емануел Беркот во главните улоги, кои беа наградени во Кан.

Во рамки на годинашново издание на Скопски филмски фестивал во кино „Фросина“, на 28 април ќе се одржи Работилница за филмска музика со Игор Василев Новоградска. Предавањето е за јазикот на филмската музика и комуникацијата меѓу музичките форми и драмското дејство.

Годинава има и работилница/ мастеркласа за експериментален филм со Карл Абрахамсон.

На фестивалот ќе се одржи и првиот медија ден, инфо-ден со цел да се информираат и да им се даде поддршка на македонските филмски професионалци и други заинтересирани во изработувањето апликации за потпрограмата Медоја креативна Европа. Канцеларијата во Агенцијата за филм ја води Владимир Стојчевски.

Во соработка со Дебатно кино „Контра кадар“ ќе се одржи дебата и проекција на филмот „Вита актива, духот на Хана Арент“. На дебатата на тема „Како се банализира злото“, во кино „Фросина“, гостинка ќе биде професорката Мирјана Најчевска, а дискусијата ќе ја модерира Слаѓан Пенев.

Најевтиниот билет за една проекција чини 50 денари, а целодневниот билет за три или четири филмови ќе чини 200 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top