По поразот во третиот натпревар од Лаборал Куча во четвртфиналните пресметки на Евролигата, српскиот стратег Александар Ѓорѓевиќ доби отказ на местото шеф на стручен штаб во грчки Панатинаикос.
Откако грчкиот клуб не успеа да се пласира на Фајнлфор турнирот од Евролигата, раководството на Панатинаикос се одлучи да му врати отказ на Ѓорѓевиќ, кој не успеа да ја реализира зацртаната цел на клубот.
Ѓорѓевиќ го презеде Панатинаикос на крајот од јуни со огромни очекувања. Создаде комплетно нов тим, вложи многу пари…, но и покрај добрите резултати во домашниот шампионат, отсуството од годинашниот Ф4 го плати со отказ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.