| четврток, 6 декември 2018 |

„Проект Титан“: Епл развива БМВ на иднината?

apple-car

„Франкфуртер алгемајне цајтунг“ – ФАЗ потшепна, а оттогаш вревата не спласнува дека Епл отворил тајна лаборатирија за развој на возила на иднината во близина на Берлин, во која се вработени 15-20 врвни германски стручњаци од автомобилската индустрија.

apple car

Се претпоставува дека вработените се млади професионалци од повеќе области: инженерството, софтвер, хардвер и продажба.

Оваа вест само ги поткрепи претходните гласини дека првиот автомобил на Епл ќе биде електричен, но со помалку компјутерска технологија, која допрва ќе се развива. Се додека Епл не развие дистрибитерска мрежа, се разгледува можноста да понуди услуга како сервисот Драјв нау на БМВ.

Apple-car-BMW-DriveNow (1)

ФАЗ тврди дека Епл ќе се здружи со австриската автомобилска компанија „Магма“ за производство на финалниот производ.

apple-carplay-home-screen-hero

Еплинсајдер уште минатата година имаше ексклузивна вест дека Епл на големо се подготвува да влезе во автомобилската индустрија и дека Проектот Титан се спроведува во таен објект во близина на кампусот на компанијата во Купертино, Калифорнија. Се проценува дека тимот на Епл во САД има над 1000 вработени. Меѓутоа, годинава Еплинсајдер пишува дека раководството било разочарано до бавниот напредок на групата, па привремено ги замрзнало вработувањата.

apple-car-concept-3

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top