Екипата на Наполи на домашен терен ја декласираше Болоња со 6-0 во воведниот натпревар од 34. коло во италијанската Серија А. Со оваа победа Наполи практично си го осигура второто место на табелата, како мала утеха откако шансите за титулата во „калчо“ лигата им се сведоа на минимални по поразот од Интер во претходното коло.
Вечерва посебно расположени беа Мертенс со три и Габијадини со два постигнати гола, додека шестиот беше дело на Лопез.
Габијадини во 10. и 35. минута ги постигна головите за водство од 2-0, резултат со кој се замина на полувреме.
Во вториот дел на сцена стапи Мертенс, прво беше прецизен во 58. минута, а потоа постигна уште два гола во 80. и 88. минута. Конечните 6-0 ги постави Лопез во дополнителното судиско продолжување.
Наполи се зацврсти на втората позиција на табелата, има шест подови помалку од Јувентус, кој игра утре против Лацио.
Болоња е на 13. место со 37 бодови, седум повеќе од Фросиноне, кој е прв испод линијата од зоната за испаѓање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)