Свеста на народот треба да се разбуди, бидејќи некој сака да се „пикне“ на власт без избори, порачува Маријан Камиловски од ГДОМ, од собирот во Прилеп.
-СДСМ сака да дојде на власт без избори. Тие сакаат како во 2001 да се „упикаат“ на власт, но граѓаните се свесни за тоа и нема да им дозволат. Нивната цел е да се поттикне меѓународниот фактор да изврши притисок за широка коалиција, сценарио што кај народот нема да помине, бидејќи на 5-ти Јуни Зоран Заев ќе го снема од политичката сцена, вели Камиловски за ТВ Нова.
Тој од Прилеп им порача на граѓаните да останат позитивни и да не потклекнуваат на провокации, како и масовно да излезат за поддршка на Македонија.
Илјадници прилепчани беа присутни на спортскиот и музички хепининг организиран од спортски здруженија и ГДОМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.