Причината за повторно да се собере ГДОМ е аболицијата на двајцата докажани виновници за политичката криза во Македонија, а тоа се Зоран Заев и Зоран Верушевски. Ова во вестите на ТВ Нова го истакна Александар Пандов од ГДОМ на мирен собир во Кочани.
-Сакаме да испратиме јасна порака до македонската и меѓународната јавност дека на народот му е јасна политичката криза, свесен е кој ја има предизвикано таа политичка криза. И најважното, а тоа е дека единствен излез од оваа политичка криза е избори на 5-ти јуни. Кај Заев и СДСМ гледаме дека постои расположение да не излезат на избори, ние сакаме јасна порака да испратиме и до него да види дека на македонскиот народ му е дојдено преку глава и дека сака оваа политичка криза да се расчисти со избори на 5-ти јуни, рече Пандов.
Целото гостување погледнете го во продолжение
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ГДОМ Струмица: Господинот „чесен“ што нуди „живот“, Заев, да одговори на неколку прашања (видео)
-
ГРОМ: Заев да им се извини на македонските граѓани за дрските лаги дека во Македонија има 500.000 фантоми (видео)
-
Јовановски: Секој вистински Македонец треба со љубов да ја брани татковината
-
ГДОМ: Не може да се тргува со националните интереси поради личен интерес