Граѓаните на Велес денес масовно се собраа да дадат поддршка на народниот собир на ГДОМ.
Тони Михајловски истакна дека од таму била испратена порака за мир, за разбирање, порака да не се оди на агресија и да не се уништува она што е изградено во нашата земја.
-Основната порака е дека отсекогаш во Македонија се доаѓало на власт избран од народот преку фер и демократски избори. Пораката е да се реши ова на начин на кој ќе биде најбезболно за државата и народот на Република Македонија. Сигурно тоа не е начинот да се кршат спомениците, да се урива она што е изградено бидејќи тенденцијата и намерата на владејачката партија е да се гради Македонија, а не да се уништува, рече тој во вестите на ТВ Нова.
Михајловски апелира дека целава оваа ситуација може да се реши со мирно решение, со бистра глава, со разбирање меѓу себе и секако на избори.
-Македонскиот народ се разликува во многу од пред 25 години. Овој народ посебно во последниве 10 години го доби чувството што го немаше, чувството на припадност и државност. Народот гледа што е добро, а што е лошо за него и повеќе ниту едно гласило не може да го убеди дека ако нешто е добро е лошо или обратно. Затоа масовноста е голема затоа што народот знае што може да изгуби. Можеби во 90-тите години немавме што да изгубиме, но сега овие 25 години трнлив пат на градење држава не смееме да ги фрлиме туку така во река и да отпловат некаде во неповрат. Затоа народот е помасовен и сака да го сочува она што му е изградено до сега, рече Михајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.