| четврток, 6 декември 2018 |

Пејачката на групата „Роксет“ тешко болна: Ова е нејзината проштална порака

Обожавателите во солзи.

roxette

Светски познатата група „Роксет“ мораше да ја откаже комплетната турнеја по повод 30 години постоење поради лошата здравствена состојба на Мери Фредриксон, која веќе подолго време е болна и која по тој повод им се обрати на обожавателите.

-Ова беа 30 извонредни години на бендот „Роксет“. За жал, деновите на турнеја за мене се готови и затоа би сакал да им се заблагодарам на сите обожаватели што толку време му беа верни на нашето дуо – стои помеѓу другото, во нејзината порака на „Фејсбук“.

На пејачката уште во 2002 година ѝ беше откриен тумор на мозокот.

Шведската пејачка неколку концерти минатата година, поради истоштеност, ги отпеала седејќи  на барско столче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top