| четврток, 6 декември 2018 |

Слаба партија на Дурант и пораз на Оклахома, Голден стејт победува и без Кари (видео)

oklahoma

Далас маверикс израмни на 1-1 во серијата со Оклахома сити тандер, користејќи ја очајната шутерска вечер на Кевин Дурант за минимален триумф од 84-85. Дурант го заврши натпреварот со 21 поен, но и дури 26 промашени шутеви од поле (7/33), вклучувајќи го и последното положување што можеше да донесе триумф на неговиот тим. Непрецизен по офанзивниот скок беше и Расел Вестбрук, од трет обид реализираше центарот Стивен Адамс, но радоста на домашните кошаркари и фанови траеше кратко бидејќи судиите по прегледувањето на видео-снимката утврдија дека времето веќе било истечено, па победата им ја доделија на гостите од Далас што беше правилна одлука.

Голден стејт и без помошта на Стеф Кари славеше со 115-106 над Хјустон за водство од 2-0 во оваа плејоф серија. Кари поради повреда беше поштеден од страна на тренерот Кер, а во негово отсуство повторно блесна Томпсон, кој ги предводеше „воините“ со 34 поени, пред Игудала со 18, Ливингстон со 16 и Грин, кој го заврши мечот со 12 поени, 14 скока и 8 асистенции.

Торонто одигра далеку подобро отколку на првиот меч со Индијана, па овојпат ја искористи предноста на домашниот терен и со триумф од 98-87 израмни на 1-1 во победи во серијата со пејсерси. Валанчиунас оствари дабл-дабл од 23 поени и 15 скока, Лоури реализираше 18 поени и 9 асистенции, додека кај Индијана главна фигура беше Џорџ со 28 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top