Движењето Двери поднесе денеска до Вишото јавно обвинителство во Белград кривична пријава против сите членови на српската Влада, како и против членовите на делегацијата која преговараше во Брисел.
Ова десничарско движење смета дека највисоките носители на државни функции ја загрозиле безбедноста на Србија и нејзиното уставно уредување.
Според членот на раководството на Движењето Двери, Срѓан Ного, пријавата се поднесува поради „признавање на окупација и капитулирање и признавање на отцепувањето на територијата на Косово и Метохија“.
– Ова е една јасна порака до сите луѓе во државниот систем дека мораат да водат сметка за законитоста на своите одлуки и дека предавството не може да помине без последици и за тоа некогаш ќе се одговара, истакна Ного.
Движењето за в петок најави нови протести пред српскиот Парламент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации