Живко Пејковски, директорот на затворот во Идризово писмено бара од Претседателот Ѓорѓе Иванов да ја повлече одлуката за помилување која се однесува за него.
Тој веќе и официјално го испратил своето барање до кабинетот на Претседателот во кое бара одлуката за ослободување од гонење без спроведување на постапка за него да не важи бидејќи како што вели, никогаш нема направено ниту едно кривично дело.
„Согласно Вашето укажување врзано со донесените одлуки за аболиција, кое Вие јавно го искажавте и посочивте како правна можност да сите оние кои не сакаат нивното име да биде на листата на оние кои се аболицирани, со целата моја почит кон Вашите одлуки и мотивите да ги донесете истите во најголем интерес на Р.Македонија, Ве известувам и воедно барам од Вас да ја отповиката одлуката бр. 08-511/1 објавена во Службен весник за мене Живко Пејковски со која јас сум аболициран, бидејќи како чесен човек и директор на Управата Затвор Идризово, тврдам дека никогаш немам направено ниту едно кривично дело и со поништување на оваа одлука, барам постапката против мене да продолжи и својата невиност да ја докажам низ една законита постапка“ – вели Пејковски во писмото до Претседателот Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.