Бојата на тревата асоцира на сигурност, свежина, обновување, нови почетоци, а истражувањата покажуваат дека има моќ да ја намали депресијата, нервозата и анксиозноста.
Симболот на пролетта и будењето на природата, зелената боја има знаајно психолошко влијание на луѓето. Зелената го има вицешампионското место меѓу боите, а победничкото место е за сината.
Некои студии покажуваат дека побрзо читаме и сфаќаме ако сме опкружени со зеленило. Се препорачува бојата на десктопот да биде зелена, бидејќи ја зголемува продуктивноста, бидејќи најмалку е напорна за очите. Не би било лошо и ѕидовите или разни делови во канцеларијата да бидат во таа боја, бидејќи оваа боја се поврзува со пари и богатство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.