Градските власти на кинескиот град Ченгду одлучија пролетта да стигне побрзо во нивниот град. Со зелена боја го обоија тревниците. Иако надлежните тврдат дека зелената боја со која прскале е безопасна, жителите протестираат плашејќи се дека бојата е отровна. Истотака, тие истакнуваат дека боењето на тревниците и билките не може да биде безопасно затоа што боите се хемикалии.
Граѓаните духовито прашуваат: Дали и небото ќе го обоите во некоја друга нијанса на сина кога оваа ќе ви досади?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.