Децата на познатите неретко се разгалени и се однесуваат како да се над обичните луѓе, но секогаш постојат исклучоци кои пријатно нѐ изненадуваат.
Миа Бјелогрлиќ, ќерката на познатиот Драган Бјелогрлиќ, израсна во вистинска убавица, а тоа што кај неа посебно плени е нејзината скромност. Со оглед на угледот и на богатството на нејзниниот татко, оваа преубава девојка изненади многумина кога реши да не се потпира на никој и да биде самостојна во животот.
Неодамна Миа на еден јавен настан работела како хостеса и заедно со другите девојки ги насочувала луѓето на нивните места. Таа не сакала да даде изјава за медиумите, но еден од организаторите бил расположен да објасни што работи ќерката на Бјелогрлиќ.
-Миа работи како хостеса и по ништо не се дели од другите девојки. Работи вредно и нема никакви дополнителни барања затоа што е ќерка на познатиот актер. Таа е многу убава и паметна девојка и задоволни сме со нејзината работа – појаснил еден од организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Синот на Драган Бјелогрлиќ наполни 18 години, кои фаци му дојдоа на забавата?
-
Минути го делеа момчето од смрт: Стакло му ја пресече артеријата на 11-годишно момче, Бјелогрлиќ го пикна во автомобил и го однесе во болница!
-
Драган Бјелогрлиќ: Балканот е многу поинтересен од Европа, ама ние не знаеме како да го пласираме на филм
-
Му преседна одморот-Драган Бјелогрлиќ ограбен!