| четврток, 6 декември 2018 |

Му преседна одморот-Драган Бјелогрлиќ ограбен!

Режисерот и актер, Драган Бјелогрлиќ, пред концертот на Жељко Јоксимовиќ бил на вечера во Будва, каде ја платил сметката и оттогаш не го видел паричникот, во кој покрај кеш, биле и сите негови платежни и кредитни картички. Дека нешто не е во ред сите сфатиле утредента кога Драган бил забележан на плажа каде меѓу две капења, цело време телефонирал.

-Бјелогрлиќ се обидуваше да ги добие келнерите во ресторанот каде седел пред концертот, како и луѓето во дискотеката каде Жељко имал концерт, како би се распрашал некој да не му ги пронашол документите. Тој барал и некои пријатели да му помогнат, како и банките во кои има отворени сметки, како би го стопирал користењето на картичките. Беше јасно дека Бјела целата ситуација го извади од колосек, но се трудеше да остане мирен, како не би си го расипал одморот- изјавил извор кој се затекнал на лице место.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top