Капка од крвта на Јелена може да биде пресудна и да ја реши мистеријата, доколку најновите анализи покажат дека сомнителната трага на облеката или на чевлите настанала токму во време на трагичниот настан, дознава „Ало“.
Полицијата засега нема опипливи докази врз основа на кои би можела да осомничи некој од членовите на семејството на покојната пејачка. Меѓутоа, деталниот претрес на куќата на Марјановиќ, кој е извршен минатата недела, потврдува дека крунските докази се бараат токму во семејството на покојната пејачка.
Зорица Марјановиќ, свекрвата на Јелена, изјавила дека синот Зоран и сопругот Владимир не се дома, а на прашањето дали има нешто ново во истрагата, кратко додала дека не знаат ништо ново.
Во куќата на убиената пејачка вчера немало полиција. Дошла само мајката на Јелена, за да ја види внуката Јана, меѓутоа не била расположена за разговор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ќе го заменам Душко со помлад: Јелена Карлеуша проговори за кризата на средни години!
-
Реши да го сруши интернетот: Карлеуша ја покажа совршената линија
-
Невиден пресврт: Дедото на Јелена Ѓоковиќ го грабнале соседи?
-
Душко годишно ќе заработува 5,8 милиони па ја честеше жената: Јелена Карлеуша купува авион од 2 милиони евра!