| четврток, 6 декември 2018 |

Експлодира автобус во центарот на Истанбул

Автобус експлодираше во центарот на Истанбул, во близина на комплексот Топкапи, објави весникот „Дејли сабах“.

sistemen-bufer-52ytj65u56u56

Весникот наведува дека при експлозијата нема жртви, додавајќи дека станувало збор за неисправен автобус, кој се движел кон сервис поради поправка.

Засега нема официјална потврда за причините за инцидентот, но според „Дејли сабах“, експлозијата, најверојатно, настанала во неисправниот мотор на автобусот и не претставува акт на тероризам.

По серијата терористички напади во Турција во последниве неколку месеци, во земјата владее тензична атмосфера и се воведени засилени безбедносни мерки, а секој инцидент предизвикува паника кај населението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top