| четврток, 6 декември 2018 |

По подолго време во Македонија: Почна снимањето на филмската комедија „Ах, љубов моја”

Денеска на локации во Скопје започна снимањето на долгометражниот игран филм „Ах љубов моја”, во режија на Коле Ангеловски.

„Ах љубов моја” е прв филм од жанрот комедија кој после подолго време се снима во Македнија. Приказната е за позната пеачка, која по успешната турнеја и бурните емотивини проблеми кои ги има по раскинувањето на долгогодишната љубовна врска, доаѓа во еден хотел да се одмори во мир и тишина, далеку од јавноста и новинарите.

ах љубов моја1

Меѓутоа се појаува нејзиниот поранешен љубовник, за да се поздрави со неа и се тргнува наопаку. Изненадувачки средби, неочекувани личности, комични ситуации…

ах љубов моја2

Во филмот играат актерите Нина Деан, Атанас Атанасовски, Марија Кондовска, Александар Микиќ, Соња Стамболџиоска, Крсте Јовановски, Роберт Ристов, Ердоан Максут, Кристина Ласовска, Жарко Димоски, Валентин Костадиновски, Ева Скендеровска, Едмонд Сотир и Андон Јовановски.

ах љубов моја3

Директор на Фотографија е Роберт Јанкулоски, сценограф е Илина Ангеловска, костимите се на Раде Василев и Лира Грабул. Филмот се снима со поддршка на Агенцијата за филм на РМ и е во продукција на Авард Филм и Видео, а како ко-продуценти се јавуваат КТ Филм и Медиа и Квазар Филм.

ах љубов моја5

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top