Денеска на локации во Скопје започна снимањето на долгометражниот игран филм „Ах љубов моја”, во режија на Коле Ангеловски.
„Ах љубов моја” е прв филм од жанрот комедија кој после подолго време се снима во Македнија. Приказната е за позната пеачка, која по успешната турнеја и бурните емотивини проблеми кои ги има по раскинувањето на долгогодишната љубовна врска, доаѓа во еден хотел да се одмори во мир и тишина, далеку од јавноста и новинарите.
Меѓутоа се појаува нејзиниот поранешен љубовник, за да се поздрави со неа и се тргнува наопаку. Изненадувачки средби, неочекувани личности, комични ситуации…
Во филмот играат актерите Нина Деан, Атанас Атанасовски, Марија Кондовска, Александар Микиќ, Соња Стамболџиоска, Крсте Јовановски, Роберт Ристов, Ердоан Максут, Кристина Ласовска, Жарко Димоски, Валентин Костадиновски, Ева Скендеровска, Едмонд Сотир и Андон Јовановски.
Директор на Фотографија е Роберт Јанкулоски, сценограф е Илина Ангеловска, костимите се на Раде Василев и Лира Грабул. Филмот се снима со поддршка на Агенцијата за филм на РМ и е во продукција на Авард Филм и Видео, а како ко-продуценти се јавуваат КТ Филм и Медиа и Квазар Филм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура