Сојузот на композиторите на Македонија ги објави номинираните кандидати за наградата „Виртуози“ за 2015 година – највисоко признание за актуелната класична музичка продукција, репродукција, публицистика која се доделува секоја година за исклучителни музички достигнувања на професионалните и младите музички и балетски уметници остварени во текот на претходната година.
Номинирани уметници и организации за наградата „Виртуози“ за исклучителни успеси во 2015 година се:
– Во категоријата „Млад музички уметник“: Бојан Илкоски, Александар Иванов, Симфониски оркестар на Факултетот за музичка уметност;
– Во категоријата „Камерен ансамбл“: Камерен ансамбл „КонТемпора“, Дуо „Сихана Бадивуку и Маја Кастратовиќ“, Мешан хор „Про арс“ ;
– Во категоријата „Музички настан“: „Змејова невеста“ – проект на Македонската опера и балет, „Свирач на покрив“- проект на Македонската опера и балет, Концерт на Алексеј Володин – проект на Македонска филхармонија;
– Во категоријата „Композитор“: Стојан Стојков, Фатос Лумани, Ана Пандевска,
– Во категоријата „Меѓународна афирмација“: Дино Имери, Игор Киров, Елена Митревска;
– Во категоријата „Музичко-сценски уметник“: Бисера Чадловска, Марија Кичевска, Владимир Саздовски;
– Во категоријата „Музички изведувач“: Сихана Бадивуку, Марија Ѓошевска, Страшо Темков.
За првонаградените ќе решава 10-члено стручно жири, а наградите ќе бидат соопштени на свечена гала-вечер на 21 април во Македонската опера и балет со почеток во 20 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.