Битолскиот градоначалник Владимир Талески побара од Претседателот Ѓорге Иванов да ја поништи аболицијата за него. Во отворено писмо, тој вели дека не се чувствува виновен за делата што му ги става на товар Специјалното јавно обвинителство и дека сака да ја докаже својата невиност на суд.
Вината за целиот случај битолскиот градски татко ја префрла на разговорите од бомбите. Поточно на оној во кој министерот за финансии Зоран Ставревски и вели на екс министерката Гордана Јанкуловска дека Талески склучил коруптивен договор „до даска“.
„Во еден неприроден склоп на околности, меѓу лицата кои добија кривични пријави од неуставното и незаконско СЈО, се најде и моето име – не по моја вина. Имено, во незаконските телефонски разговори, еден од двајцата соговорници во еден момент, под силна емоција, ме спомнува и ме клевети за некаков криминал и корупција, што не е вистина.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
И официјално: Заев нема да побара деаболиција за „Глобал“
-
Иванов ги поништи помилувањата за политичарите: Ниту еден политичар не е недопирлив, секој ќе одговара за своите постапки
-
Собранието му овозможи на Иванов да ги повлече аболициите
-
Заев за „Глобал“, Верушевски и Костовски за „Пуч“ не поднеле барање за прекин на аболицијата