| четврток, 6 декември 2018 |

И градоначалникот на Битола Владимир Талески побара повлекување на неговата аболиција

Битолскиот градоначалник Владимир Талески побара од Претседателот Ѓорге Иванов да ја поништи аболицијата за него. Во отворено писмо, тој вели дека не се чувствува виновен за делата што му ги става на товар Специјалното јавно обвинителство и дека сака да ја докаже својата невиност на суд.

248599

Вината за целиот случај битолскиот градски татко ја префрла на разговорите од бомбите. Поточно на оној во кој министерот за финансии Зоран Ставревски и вели на екс министерката Гордана Јанкуловска дека Талески склучил коруптивен договор „до даска“.

„Во еден неприроден склоп на околности, меѓу лицата кои добија кривични пријави од неуставното и незаконско СЈО, се најде и моето име – не по моја вина. Имено, во незаконските телефонски разговори, еден од двајцата соговорници во еден момент, под силна емоција, ме спомнува и ме клевети за некаков криминал  и корупција, што не е вистина.“

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top