Екипата на Барселона е во длабока резултатска криза бидејќи веќе пет натпревари не знае за победа вклучувајќи го и натпреварот од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Вечерва на „Камп Ноу“ сите очекуваа дека ќе се врати на победите пречекувајќи ја Валенсија, но гостите беа тие кои си заминаа со трите бода (1-2)
Каталонскиот гигант веќе четири натпревари по ред е без победа во Примера дивизија и големото водство на табелата кое го имаа во Примера дивизија лесно се стопи и сега на првото место го делат со Атлетико Мадрид со по 76 бода и имаат само бод предност пред Реал.
„Лилјаците“ уште во првото полувреме дојдоа до до солидна предност од 2-0 со автоголот на Иван Ракитиќ во 26.минута, и Мина во судиското продолжение по една одлична акција на целата екипа.
Во второто полувреме Барса тргна на се или ништо и успеа само да го намали резултатот на 1-2 со голот на Меси во 64.минута. Тоа беше прв гол по 425.минути игра во сите натпреварувања и вкупно 500 во неговата кариера. По овој гол избраниците на Луис Енрике уште повеќе се обидуваа да дојдат до израмнување или целосен пресврт, но резултатот остана непроменет.
Barcelona vs Valencia 1-2 All Goals… by footy-goals
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)