| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата разгледува две теории на убиството: Една е дека се давела во каналот, а другата е уште пострашна

Неофицијалните резултати на обдукцијата  потврдиле дека на телото на пејачката имало видливи рани. Исто така, патолозите утврдиле дека е убиена  ден пред  нејзиното тело да биде пронајдено во каналот на насипот во дивата населба Црвенка кај Борча.

jelena_0

Полицијата разгледува две теории на убиството. Една е дека е донесена со автомобил преку нивата и дека тогаш веќе била без свест. Другата е дека убиецот брутално ја удрил во главата во каналот во кој е пронајдена и дека несреќната жена се давела додека убиецот ја удирал по главата.

Istrazitelji-forenzicari-Borca-Crvenka-Jelena-Krsmanovic-Marjanovic-620x350

-Добила повеќе од 20 удари директно во главата од кои еден помеѓу петтиот и седмиот бил смртоносен. На телото немало други повреди, а потврдено е дека жртвата непосредно пред смртта проголтала вода – наведува извор од истрагата.

jelena_marjanovic_ubistvo

Изворот наведува дека се поголем е сомнежот дека Јелена била убиена на некое друго место и дека е донесена без свест, а потоа фрлена во каналот.

Полицијата разгледува две теории на убиството: Една е дека се давела во каналот, а другата е уште пострашна.

Ubistvo-Borca--(4)

-На тоа во прилог му оди и фактот дека на лице местото  не се пронајдени траги на борба, како ниту ДНК траги на напаѓачот. Сомнително е тоа што телото е пронајдено во непосредна близина на земјениот пат во нива. Тој пат е неколку метри оддалечен од местото каде телото на пејачката било пронајдено и на убиецот не му бил проблем да го донесе телото со автомобил, го прескокне каналот и направи десетина чекори до другиот канал и во него да го спушти  телото – тврди изворот и додава дека таа теорија може на некој начин да го потврди и фактот дека едната патика на Јелена е најдена на ораница помеѓу тие два канали.

jelena-krsmanovic-marjanovic-zoran-marjanovic-ubistvo-ubijena-pevacica-zve-1460228895-883001

-Постои можност дека некој кој го носел телото  не забележал дека на жртвата и паднала патиката. Тоа останало незабележано затоа што убиецот најверојатно го фрлил телото во темница.

Како што порано пишуваа медиумите, истрагата до сега најмногу се базираше на пронаоѓање на палката со која се направени повеќе од 20 удари на главата на несреќно убиената жена. Орудието не е пронајдено и токму затоа се сомнева дека убиецот ја запалил палката.

jelena-krsmanovic-marjanovic-foto-kurir-facebook-1459628896-877979

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top