Арсенал одигра само 1-1 на домашен терен против Кристал Палас и го загуби третото место на табелата кое носи директно во групите од Лигата на шампионите. „Топчиите“ сега имаат 60 бода, идентично колку и Манчестер сити, кој има подобра гол – разлика. Сега „топчиите“ се само четири бода предност пред Манчестер јунајтед кој ја чека својата шанса да се дограби до место кое води во Лигата на шампионите.
Тимот на Арсен Венгер уште еднаш испушти бодови во самата завршница. Имаше водство со погодокот на Алексис Санчез во 45.минута од средбата, но Јаник Боласи во 81.минута успеа да ја затресе мрежата на Петр Чех за изненадување на „Емирати“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)