Јувентус го совлада Палермо со 4-0 и решително чекори кон одбрана на шампионската титула. „Старата дама“ сега има девет бода предност во однос на Наполи на пет кола до крајот и треба само и теоретски да ја дозаврши работата за освојување на трофејот.
Во тимот на Палермо стартер беше македонскиот интернационалец Александар Трајковски.
Сами Кедира во десеттата минута го доведе Јувентус во водство, а во вториот дел работата ја завршија Пол Погба, Хуан Квадрадо и Симоне Падион.
Juventus Vs Palermo 4-0 Highlights & All Goals… by tony-hoksa1
Фиорентина на домашен терен го совлада Сасуоло со 3-1 и ги задржа шансите за пласман во Лигата на Европа следната сезона, а Фросиноне оствари триумф (1-2) на гости против Верона.
Резултати Италија: Аталанта – Рома 3-3, Фиорентина – Сасуоло 3-1, Јувентус – Палермо 4-0, Удинезе – Киево 0-0, Верона – Фросиноне 1-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)