Пејачката Весна Вукелиќ Венди открила за медиумите дека семејството на брутално убиената Јелена Марјановиќ Крсмановиќ е поврзано со мрачни сили и дека под тоа дејство можат да бидат поврзани со убиството.
-Дали знаете дека астралната проекција порано ја практикуваа луѓе кои ги обвинуваа за вештерство? Зоран Марјановиќ зборуваше за тоа. Целото негово семејство е доста чудно. Мајката на Зоран се занимава со биоенергија, но тоа не се чисти работи. Во тоа семејство има нешто што е многу чудно – кажала Венди и додала:
-Марјановиќ им служат на демоните, на нив им се потчинија, тие се сотонисти. Целото семејство има сериозни и големи проблеми. Мала Јана треба под итно да се тргне од нив.
Пејачката ја потврди и приказната дека голем број од нејзини колеги од естрадата оделе на сеанси во куќата на Марјановиќ.
-Некои од моите колешки редовно одеа на сеанси кај свекрвата на Јелена. Нада Топчагиќ која таа ја лечела со бионергија е не образована жена и не е крстена. Та жена на Нада наводно и ја излекувала болката во стомакот која сега и се префрли на нозете. Сето тоа се работа на дилетанти кои не се во врска со Господ и верата. Таквите од демони добиваат сила и кој знае на што се подготвени.
Пејачката е сигурна дека мајката на Јелена може многу нешта да разјасни и дека решението на овој случај е токму во нејзините раце.
-Решението се наоѓа во рацете на мајката на Јелена. Многу е чудно што никој не зборува за разговорот кој таа го имала со мајка и пред да биде убиена. Нешто тука се крие. Зоран има гребаници по вратот, а не смее да каже од каде му се. На полиграфот и тој и татко му паднаа. Сето тоа е чудно. Постои некоја темна сила која го кочи решението на тоа убиство, појаснила Венди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.