| четврток, 6 декември 2018 |

За долг и среќен брак: Ова се идеалните датуми за свадба во 2016 година

Доколку сте се вериле за празниците, ви честитаме! Сигурно сте многу возбудени и по малку нервозни, но не грижете се, длабоко земете воздух и почнете го процесот на планирање на свадбата, чекор по чекор.

mlada

Првата голема одлука која морате да ја направите е да одберете датум на венчавката. Бидејќи организаторите на свадби, наплатуваат поскапо за време кога е сезоната на свадби (а и самиот простор тогаш е поскап), вашиот избран датум, ќе ги одреди трошоците на целото славење. Секако дека некои датуми ќе бидат попопуларни за свадба од други, во 2016 година.

Петок, 13 мај, 2016

Петок 13, ќе се случи само еднаш во оваа година – во мај. Некои луѓе нема да го изберат овој датум заради верување дека носи несреќа, а другите пак ќе го изберат заради уникатниот датум и празноверје на споменатиот. 

Сабота, 28 мај, 2016

Совршен пролетно/летен датум, пред големите жештини.

Сабота, 3 септември, 2016

Првиот викенд во месец септември, секогаш е добар датум за венчавки. Летото е се уште во воздухот, но жештините зад нас!

profimedia-00074443571

6. октомври или 6. ноември, 2016

Палиндром е збор, израз или број, кој исто звучи прочитан од лево на десно или обратно.  6/10/16 и 6/11/16 се двата полиндромски датуми кои би ги одушевиле некои парови!

Сабота, 31декември, 2016

Новогодишната вечер оваа година паѓа во сабота, а тоа знаши дека е идеално време за венчавки и влегување во 2017 година!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top