Јелена Крсмановиќ починала од удар во главата, а пред смртта давена е во вода. Неофицијалните резултати на обдукцијата потврдиле дека на телото на пејачката немало видливи повреди. Исто така патолозите утврдиле дека е убиена ден пред нејзиното тело да биде пронајдено во каналот на насипот во дивата населба Црвенка кај Борча.
Според српски Курир, полицијата ги разгледува сите опции за убиството на ѕвездата на Гранд. Една од нив е дека е довезена со автомобил низ нивите и дека тогаш веќе била без свест, а друга е дека убиецот свирепо ја удирал по глава, токму во каналот во кој е пронајдена и дека несреќната жена се давела додека убиецот ја удирал.
Овие верзии пак не се поклопуватат со теоријата дека Јелена била убиена на друго место и дека била фрлена во водата три часа пред да биде пронајдена. Сепак останува на полицијата која интезниво го истражува убиството да го каже последниот збор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ќе го заменам Душко со помлад: Јелена Карлеуша проговори за кризата на средни години!
-
Реши да го сруши интернетот: Карлеуша ја покажа совршената линија
-
Невиден пресврт: Дедото на Јелена Ѓоковиќ го грабнале соседи?
-
ОЈО по допрен глас отвори истрага: Ќе се гонат тие што пишуваат на Фејсбук за пожарот во Грција